Изјавата на Лавров следи по минатонеделниот напад на хеликотери на меѓународната коалиција, предводена од САД, врз позиции на сириските владини сили, распореден во близина на една рефинерија во источна Сирија под контрола на бунтовниците, кои ја имаат поддршката на Вашингтон.

Според Лавров, САД со своето дејствување со обидуваат да формираат некаква квази држава на сириската територија долж источниот брег на реката Еуфрат на потегот до границата со Ирак.

„Според мене, дејствувањето на Американците не е насочено кон постигнување заеднички договор. Тоа е опасно и со еднострани чекори“, рече Лавров во Москва по средбата со шефот на белгиската дипломатија Дидие Рејнолдс.

Според Лавров, не е исклучено САД да се обидат да останат во Сирија „долго, ако не и засекогаш“.

Лавров го оцени и како „кратковид“ пристапот на САД за целосно отфрлање на позициита на Турција кон сириските Курди. – Резултатите од таа кратковидост ја гледаме сега во реонот на Африн, изјави Лавров.

Турција минатиот месец во регонот на Африн започна офанзива против силите на сириските Курди, кои беа еден од главните сојузници на САД во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), поради што дојде до тензии во односите меѓу Анкара и Вашингтон.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот на сириските Курди за огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која се залага за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Лавров, исто така, нагласи и дека Русија останува отворена за учество на сириските Курди во мировниот процес во Сирија и покрај противењето на Турција.



Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 15:23
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:23

коментари

остави коментар