Во рамки на проектот, како што објави Министерството на својата веб страница, се предвидени прегледи на ′рбет кај децата од доктор физијатар и доколку се констатира деформитет на ′рбетот ќе бидат вклучени во Програмата „Вежби во базен“.

Вежбите ќе се спроведуваат под надзор од стручни лица, како што се дипломиран физиотерапевт и наставник по спорт, трипати неделно по еден час. Вежбите опфаќаат пливање во базен, како и контролни прегледи по спроведени 10 часа вежби во базен. Проектот се реализира со средства од Националната програма за јавно здравје за 2018 година, која е едногодишна програма финансирана од буџетот на РМ, посочуваат од Министерството.

Целта е да се направи рана дијагноза за деформитети на ′рбетот кај деца на училишна возраст од шесто до деветто одделение од училиштата во овие општини, и потоа со посебни вежби во базен водени од стручно лице да се коригира лошото држење на ′рбетот кај оваа возрасна популација на деца и да се создаде навика за натамошно практикување на истите вежби. Дополнително, Министерството, наведуваат оттаму, ги разгледува можностите за имплементација на проектот и во други општини низ државата. /МИА

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 14:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар