Предупреди дека и понатаму се јавуваат нови случаи, затоа што нивото на имунизација е мало, пренесе АП.

Повеќе од 14.400 случаи се пријавени во 30 земји минатата година, во споредба со 4.600 заболени година пред тоа.

Европските надлежни соопштија дека во Романија, Италија, Грција и Германија владее епидемија на мали сипаници.

Од 2016 година регистрирани се 50 смртни случаи поврзани со мали сипаници.

Сериозни компликации се случуваат во главно со деца под пет години и поради тоа е пожелно високо ниво на вакцинација, односно таа треба да биде најмалку 95 отсто, наведува агенцијата.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 13:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар