Столтенберг изрази подготвеност Алијансата да ја зголеми и прошири својата досегашна мисија во која врши обука во Ирак, со цел и таа да помогне во реконструкцијата на државата после тригодишната војна со милитантите од терористичката организација ИСИС.

„Мораме да го освоиме мирот“ – изјави Столтенберг на конференцијата за новинарите, изјавувајќи дека министрите за одбрана на државите членки веќе започнале со планирање за проширување на мисијата во Ирак.

Одлуката за тоа би требало да биде донесена во јули.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 12:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар