Според информациите, станува збор за преименување на улици во Вашингтон и Москва, во кои се наоѓаат амбасадите на двете земји, при што целта е да се избере име кое претставува провокација за другата страна. Сепак, како што истакнува „Њујорк тајмс“ оваа „војна“ ја започнала Америка.

Така, потсетува весникот, на 10-ти јануари Советот на градот Вашингтон одлучил да го промени името на еден блок од авенијата „Висконсин“, каде што се наоѓа руската амбасада.

Било одлучено дека улицата каде што се наоѓа руското претставништво ќе го носи името „Борис Немцов“.

„Њујорк тајмс“ потсетува дека Немцов бил истакнат руски опозиционер и остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин, кој беше застрелан пред Кремљ во февруари 2015 година.

Меѓутоа, и Москва имала одговор за ваквата провокација. Нивниот предлог за името на улицата на која се наоѓа американската амбасада во главниот град на Русија бил „Прв северноамерикански ќор-сокак“ (1 North American Dead End).

За волја на вистината тој предлог на „Твитер“ го изнел Михаил Дегтјаров, десничар во рускиот парламент, кој тврди дека московската комисија за именување улици ќе го разгледа неговиот предлог во текот на овој месец.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 11:42
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:52

коментари

остави коментар