Како што наведуваат британските медиуми, еден од најпознатите готвачи на светот, на своите вработени им должи 2.2 милиони фунти, а минатата година бизнисот му претрпел загуба од 10 милиони фунти.

Освен неколку милиони “ситни“ долгови, на кредиторите, даночната управа, сопствениците на просторот и доставувачите, Џејми им должи 41.3 милиони фунти.

Инаку, Џејми во петок објави дека затвора 12 ресторани ширум Велика Британија поради “реконструкција“ на компанијата. Вкупно поседува 25 ресторани во Велика Британија и 28 во Америка.

Богатството на Џејми Оливер се проценува на 150 милиони фунти, а наводно вложил три милиони од сопствените пари во овој бизнис.

Финансиските експерти сепак, брзо го предвидоа ваквиот пад – неинвестирање, неактрактивни локации и високите трошоци им пресудиле на рестораните на Џејми.

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 21:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар