Во однос на тоа зашто државата финансира со 200 000 денари пејач кој опева личности од туѓа историја од министерството велат дека Адем Јашари бил командант на УЧК од Косово и дека тој не учествувал во конфликтот во Македонија. Од култура не гледале корелација помеѓу минатиот опус на изведувачот и поддршката на Министерството за култура во оваа година. Овој пејач од министерството ќе добие дополнителни 300 000 денари за солистички концерт.

За разлика од овој пејач,  музичарот Дуке Бојаџиев кој ја претставува земјава ширум светот ќе добие само 200 000 денари . Помалку пари од тие за пејачот од Тетово ќе се  потрошат за одржување на археолошкиот локалитет Хераклеа, кој за годишно одржување ќе добие само 200 000 денари.

Објавувањето на годишната програма на министерството за култура предизвика вистинска лавина реакции кај уметниците и на социјалните мрежи.

Први на удар освен министерот Алаѓозовсски се и  уметникот Тони Васиќ, историчарката на уметност Ивана Васева и драматургот Сашо Кокаланов, кои се обвинуваат дека директно или индиректно ќе земат пари од државата, а токму тие биле членови на комисиите кои одлучуваа за проектите во годишната програма. Кокаланов реагираше на фејсбук, каде напиша дека е точно дека бил член на комисија, но дека пари ниту добил ниту ќе добиел.

Што се однесува во неговото учество во еден театарски проект кој добил средства, а токму Кокаланос се појавува како драматург, пишува дека парите ги добила продукцијата, а не тој, а потврдува  и дека сега ќе се повлечел од целиот проект.  Според тоа што е објавено  на интернет-страницата на Министерството, предлозите во ликовната дејност, архитектура и дизајн ги разгледувала комисијата во состав: професорот Тони Васиќ – претседател и членовите Нада Пешева и Наиле Дормиши.

Васиќ добил пари, колку што побарал, односно 58 илјади денари, за проект во категоријата Меѓународна соработка и соработка со УНЕСКО. Одговор за овие скандалозни случувања во министерството за култура и зашто  министерот воопшто потпишал ваква програма се обидовме да добиеме ресорното министерство, но обидот помина безуспешно.

Дополнително ракции има и за изборот на проектите кој ќе бидат финансирани од државата следната година. Од театарот во Куманово се жалат дека повторно добиле премалку средства. За разлика од нив дете пеач од Тетово, пеејќи и за Адем Јашари и УЧК добива субвенција од Министерство за култура за концерт во вредност од односно 300 000 денари.

За разлика од 300 000 денари државни пари за овој пејач, музичарот Дуке Бојаџиев кој ја претставува земјава ширум светот ќе добие 100 000 денари помалце. Помалаку од пеачот од Тетово ќе добие и археолошкиот локалитет Хераклеа, кој за годишно одржување ќе добие само 200 000 денари.

Покрај  годишната програма за министерството за култура Ракции предизвика и објавената стратегија на министертво за култура до 2020 година. Според професорката Груевска-Маџоска.

Во оваа стратегија ниту ед.аш не е спомнат македонскиот јазик, а и јавно побара од државата да објасни зашто се случува ова.


Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 14:34
Александар Видиновски
Обновено во: 18:29

коментари

остави коментар