Патотот  околу светот магистарот по физика Чанг Чунг Јонг или како што повеќето го нарекувале Џеки Чен, го започнал во 2015-та година, од Аљаска, преку Централна и Јужна Америка, во Европа. Цели три години, тајванецот  најчесто кампува на отворено, а поретко  преноќува во полициски станици, противпожарни домови, но никогаш во хотели.

-Ова е авантура и се надевам дека можам да го споделам целиот убав свет со моите пријатели. Користам веб сајт и сурфам да видам каде можам да останам и да се дружам со локалните луѓе, изјави Чан Чунг Јонг, авантурист од Тајван.

Досега посетил триесетина држави, но во Мексико се задржал повеќе од два месеци, затоа што бил ограбен и не можел брзо да продолжи со патувањето.
– Имав многу посебно искуство во Мексико.  Некои од моите работи беа украдени и потоа еден мој пријател им рече на сите негови другари, ако некој ги види моите работи да ме повика. Потоа ги бараа личните работи низ повеќе градови, изјави Јонг.

Тајванецот кој патува под слоганот „Оди или умри “  планира да ја заврши својата авантура на велосипед во 2020-та година во својата родна земја .


Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 13:16
Снежа Петковска
Обновено во: 16:02

коментари

остави коментар