Според него планот за изградба на новата супертешка ракета требало да биде завршен до крајот на следната година.

Комаров воедно истакнал дека со изградбата на новата супер тешка ракета на новоизградениот космодром „Восточни“ ќе биде формиран и нов комплекс и секако нова инфраструктура за таа ракета , предвидено е целиот проект да биде реализиран до 2028 година.

Медиумите пренесуваат дека новата ракета од супертешка категорија е неопходна и за реализација на проектот „ Dip spejs gejtvej",кој подразбира лансирање на меѓународна станица во орбитата за изучување на Месечината.

Се предвидува дека првото лансирање на новата супертешка ракета ќе биде спроведено во 2027 година. 

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 10:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар