Џоли е убедена дека нејзините три ќерки Шајло , Вивијан и Захара ќе го сменат светот , зашто од мали се воспитани дека само заедно мажите и жените може да делуваат за благодет на  човештвото.

Таа во интервјуто за магазинот , каде се појавува на насловната страница, вели дека родовата рамноправност е многу важна . Џоли не сакаше да ги коментира гласините дека нејзината ќерка Шајло сака да го смени полот , иако има само 11 години .

Холивудската актерка говореше и за женските права и борбата за нивно добивање , иако и самата забележа дека работејќи во неразвиените држави и таму имало напредок . 

Датум на објава: недела, 11 февруари 2018 во 19:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар