Околу 1000 учесници и гости од повеќе држави ќе бидат дел од овој костимиран спектакл. Во официјалниот напреварувачки дел  ќе учествуваат групи од: Македонија, Будва, Бања Ковиљача, Врњачка Бања, Лесковац, Белград, Бол, Шабац, Бела Црква, Корча, Перник, Мокриево, Куратица, Бегниште, Кавадарци, Ратево, Струмица, Радовиш .

Како увертира на карневалот е изложбата на маски, што ќе се постави во центарот за култура „Марко Цепенков“ на 16. февруари .  Детскиот карневал за учесници до 14 години ќе се одржи во сабота. Во подготовките учествуваат сите основни училишта од  Прилеп, со свои групни маски, со автентична кореографија.

На 18. февруари во недела, во центарот на градот ќе се одржи официјалниот натпреварувачки дел од карневалот, со почеток во 13:00ч.

Учесниците ќе имаат свој настап пред бројната публика, но и жири комисијата, што ќе ги избере најдобрите учесници по категории, коишто ќе добијат парични награди и дипломи од здружението „Прилепски мечкари“. Добитникот на Гран при наградата ќе добие парична награда од 18.000 денари.

Карневалот ќе го следи делегација на Европската федерација на карневалски градови, во присуство на претседателот Ван Дер Крон.

Датум на објава: недела, 11 февруари 2018 во 13:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар