На разочарување на лаиците , сдвениот Тесла автомобил воопшто не се забележува , туку само светло тело . Научниците од астрономската лабораторија Тенагра во Аризона велат дека лесно ја забележале ракетата ,,Фалкон Хеви “ , што го носи автомиобилот кон Марс .

Објектот се движи многу бргу и е посветол од другите тела ,велат астрономите. Се наоѓа на 470 000 километри од Земјата .

Темно црвениот автомобил Тесла Роудстер е на напт кон Марс. Во автомобилот на местото на возачот има пластична кукла , а на воланот пишува ,,Без паника ! “ , што алудира на филмот ,,Автостоперски водич низ вселената”  на Даглас Адамс. На еден од деловите на внатрешноста на автомобилот е напишано ,,Направено од луѓето на Земјата “ .

Научниците сметаат дека автомобилот би можел да се разгради за две години , поради драстичните температурни промени на Марс.

Датум на објава: сабота, 10 февруари 2018 во 20:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар