Годинава оценка на министерството е дека има зголемен интерес за културни проекти но при одлучувањето комисиите се раководеле по принципот за правичност и децентрализација на културата со особен акцент на проекти кои градат едно општество за сите.

Вкупно добиени се над 5 илјади пријави или за споредба во 2016 пристигнале 1556 во 2017 1593 проекти што според министерството покажува зголемена доверба.. Од пристигнатите апликации министерството одобрило 50% а за поголема транспаретност листите на одобрените проекти ќе бидат објавени на веб страната на министерството за култира.

Во музичко сценската дејност обезбедени се средства за издавање на 40 носачи на звук и за подршка на околу 150 концерти и за сите позначајни фестивали.

Со посебна програма министерството ќе ги реконструира покривите на 20 објекти кои прокиснуваат за што се обезбедени еден милион евра.


Враќањето на архивот во старата установа засега не е опција бидејки таму се направени корекции на зградата од ново вселената инстутуција заради што интензивно се бара локација каде би се преселел архивот. 


Датум на објава: сабота, 10 февруари 2018 во 14:16
Игор Манасиевски
Обновено во: 15:14

коментари

остави коментар