ФЕСТ во Белград ќе го отвари филмот „Три билборди близу Ебинг во Мисури“ кој е номиниран за седум оскари. Од неодамна белградскиот ФЕСТ има и натпреварувачки дел. Бидејќи Манчевски е во фестивалското жири, „Бикини Мун“ ќе биде прикажан надвор од конкуренција.

- „Бикини Мун“ е психолошки портрет кој има формат на лажен документарец и зборува за тоа како медиумот, вклучувајќи го и филмот, го експлоатираат поединецот. Денес секаде и секој снима и тоа го гледаме сите: од прислушување и безбедносни камери до самослик на Фејсбук. Како и моите досегашни филмови, „Бикини Мун“ зборува за природата на вистината, лагата и илузијата, изјави Манчевски за својот петти игран филм - американско-германската копродукција чија светска премиера беше на фестивалот во Сао Пауло, Бразил. /МИА

Датум на објава: петок, 09 февруари 2018 во 14:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар