Витошевиќ на денешната прес-конференција вели дека  „Бог на масакрот“ е драма со комични елементи, во која актерите бараат решение на проблемите, со кои, секојдневно се соочува  современиот човек. Таа истакна дека текстот е поставува безброј пати, а ги има добиено и сите европски и светски награди.

-Претставата практично почнува од две деца кои се степале во еден парк, односно во школски двор и едното од децата завршило со повреда на двата заба и од таа причина родителите на двете деца се среќаваат на еден цивилизиран начин, да разговараат околу конфликтот на децата. Авторката она што го отвара како еден од најбитен аспект во претставата, а тоа е што последиците ние ги живееме од западниот капитализам. Во кој што владее правило на посилниот и во кој што отуѓеноста заемала главен примат во современиот свет, вели Витошевиќ.

Директорот на Националната установа Центар за култура (НУЦК) „Ацо Шопов“-Штип, Никола Ристов вели дека е презадоволен од ангажманот на режисерката и на актерите и очекува голем успех и со оваа претстава.

Во претставата играат актерите Драгана Костадиновска, Милорад Ангелов, Сања Арсовска и Ефтим Трајчов- Ѓаурски, а кои на денешната прес конферернција посочија дека ќе биде вистинско освежување за штипската публика. /МИА

Датум на објава: петок, 09 февруари 2018 во 14:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар