Таа за последното издание на магазинот се сликала без грам шминка на своето лице.

Триесет и седумгодишната манекенка Жизел Бундшен така стана првиот супермодел кој без шминка се фотографирал за “модната библија“.

Убавата Бразилка ја покажала својата природна убавина пред камерата, а специјално светло било задолжено за нагласувањето на нејзините нежни црти на лицето.

Како што пишува британскиот „Гламур“, Жизел дури самата се стилизирала и му дозволила на фотографот Џејми Хавкесвор да ја фотографира во нејзината куќа.

Датум на објава: петок, 09 февруари 2018 во 11:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар