Џон Вокер од Гринсборо, град во американската сојузна држава Северна Каролина, во јануари во фиока под неговиот кревет, пронашол авионска карта за лет на релација Нешвил-Сакраменто со датум од 31 декември 1998 година, пишува „Индепендент“.

Како што изјави Вокер, картата е купена за патување во Сакраменто на венчавката на деверот, закажана за 2 јануари 1999 година.

Меѓутоа, тој не можел да отиде и побарал картата да му се рефундира.

Од авиокомпанијата му одговориле дека парите за картата не можат да му бидат вратени, но дека може да ја искористи за некој иден лет во истата вредност.

„Одложував бидејќи немав намера никаде да патувам“ – изјави Вокер.

„И потоа целосно заборавив на неа“ – додал тој.

Барајќи нешто под креветот, скоро 20 години подоцна, Вокер ја нашол авионската карта, заедно со писмо од „Јунајтед Ерлајнс“.

Во писмото стоело дека карата може да ја искористи на сите домашни летови “засекогаш“ и одлучил да види дали важи се уште тоа “засекогаш“ и денес.

Иако компанијата прогласила банкрот во 2010 година, од таа компанија му е речено дека, бидејќи неговиот случај е единствен, ќе го признае ваучерот.

Тој се уште чека на ваучер од 378 долари, кој сега вреди 571 долар поради инфлацијата, пишува „Индепендент“.

Датум на објава: петок, 09 февруари 2018 во 11:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар