Просечната максимална температура на воздухот во Пјонгчанг за време на ЗОИ се очекува да изнесува 1,6 степен, а просечната минимална минус 8,3 степени.

Маскота на овие игри е бел тигар со име Сохоранг, кој е поврзан со корејската митологија и култура. Официјалниот слоган е „поврзани со страст“.
Буџетот за Олимпијадата е 2,5 милијарди долари. Организаторите во почетокот изразија загриженост поради слабата продажба на билетите, која во голема мера се должеше на политичките и воените тензии на Корејскиот полуостров.

Меѓутоа, досега се продадени околу 80 проценти од билетите...Северна и Јужна Кореја на игрите ќе се појават заедно под специјално унифицирано знаме за време на церемонијата за отворање која започнува во  12 часот по македонско време.


Датум на објава: петок, 09 февруари 2018 во 09:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар