Иако некои од нејзините фустани и другите модни комбинации чинат нешто повеќе од просечните цени, факт е дека ги носи повеќе пати ја оправдува нивната цена.

Британците тоа го пресметале водејќи се со логиката дека е подобро да се купи капут од 500 фунти и да се облече сто пати, што би се броело како 5 фунти по носење, отколку да купи јакна од 30 фунти и да ја облече два пати и да ја фрли во ѓубре.

Кејт посебно се истакна носејќи облека за бремени жени која ја облекуваше  во текот на претходните две бремености, а британските медиуми пресметале дека тие чинеле 16.25 фунти по носење.

Сепак, како што се чини Британците со овие анализи по малку се тешат. Примерите кои ги навеле се вистинити, тука нема дилема, но пробајте да напишете на гугл пребарувачот за фотографии „Kate Middleton”, па ќе видите колку е неверојатно тешко да ја забележите војвотката во иста модна комбинација на две различни појавувања пред камерите.

Датум на објава: среда, 07 февруари 2018 во 14:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар