Снегот веќе прави големи проблеми во сообраќајот посебно западно и североисточно преку регионот Париз, соопшти Метеоролошката служба.
Во Париз и околината заглавени се илјадници автомобили и има колони долги 739 километри , велат од авто-мото службата Ситаден.

Дваесет и два департмени на Франција , вклучувајќи ги и осумте во регионот на Париз, Север и Рон објавија предупредување за ниски температури“ и за сместување на бездомниците . На крајот на неделава би требало да стигне и нов снежен бран од северозапад.

Автобусите кои го опслужуваат главниот град  и предградијата  се вратени во гаражите. Школскиот превоз денеска  во повеќе делови на Франција, посебно во регионот Париз нема да функционира.

Состојбата би можела да стане критични  ноќта среда на четврток кога температурата се очекува да падне до минус 10 степени  и поради појавата на „леден дожд“, изјавија од Метеоролошката служба на Франција. 

Датум на објава: среда, 07 февруари 2018 во 09:11
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:59

коментари

остави коментар