Претседателот Родриго Дутерте го надгледувал уништувањето на автомобилите, од кои некои од нив вредат и околу 93.000 евра.

„Дајте им ги продавачите на железо. Не можат да добијат автомобили, но можат да добијат нешто. Нека изработат играчки од нив“ – изјавил Дутерте.

filipini,vozila,automobili

Царинската служба минатата година запленила криумчарени возила во вредност од 2.93 милиони долари. Вкупната вредност на запленетата роба била 866 милиони долари, наведуваат официјалните податоци.

„На Филипини не се исплати затајувањето на данок, па можеби ќе престанат да се обидуваат бидејќи тоа нема да им успее“ – изјави пред новинарите, министерот за финансии, Карлос Домигез во текот на уништувањето на автомобили во пристаништето во Манила.


Датум на објава: вторник, 06 февруари 2018 во 14:12
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:39

коментари

остави коментар