Максималната температура ќе биде висока, во интервал од 8 до 16 степени. Поради брз продор на студена воздушна маса проследен со засилен северен ветер, во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во северните и западните подрачја. На планините, претежно на запад, ќе има значително зголемување на снежната покривка, локално и над 30 сантиметри, а ќе има и појава на снежни наноси.

Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне и во вечерните часови ќе има повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен ветер од југозападен првец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северозападен. Во текот на ноќта и во повисоките делови од Скопската котлина е можно врнежите да преминуваат во снег. Температурата ќе се движи од два до 12 степени.

Како што соопшти УХМР,  најстудено било во Берово и Штип каде се измерени минус два степени, во Крива Паланка минус еден, нула во Пожаране и Гевгелија. Најтопло било во Охрид со шест степени.

До седум часот највисока снежна покривка од пет сантиметри има во Маврово и Крушево, а четири во Лазарополе.

Во изминатите 24 часа, односно до 7 часот, најмногу дожд наврнало во Охрид, 10 литри на метар квадратен, во Маврово седум, а во Лазарополе шест литри на метар квадратен.

Во наредните два дена ќе биде стабилно и суво. Утре ќе биде постудено со засилен северозападен ветер, а дневните температури значително ќе опаднат и ќе бидат во интервал од еден до 8 степени. В петок под влијание на југозападно струење дневните температури ќе бидат повисоки. Нови врнежи се очекуваат од сабота попладне. /МИА

коментари

остави коментар