Во натпревар со многу пресврти и возбудувања на паркетот но секако и на трибините каде македонската навивачка фаланга  исто како ракометарите ја доби битката против побројните словенечки навивачи , нашиот национален тим  стигна до голема победа над силната Словенија прва по еврошампионатот во 2012. Нашиот стратег Раул Гонзалез исто така ја доби  тактичката битка против темпераментниот предводник  на Словенците  Веселин Вујовиќ.

Македонските ракометари на премиерната на шампионатот во Загреб  покажаа дека во Хрватска се дојдени со амбиции за уште еден добар резултат на големите натпреварувања и дека имаат квалитет  да бидат рамноправен противник и на насилните репрезентации во светот.

По првпат во досегашните пет настапи на европските првенства македонската селекција  со победа ги стартува натпреварите на еден континентален шампионат.
Честитки за големиот успех заслужува целата црвено жолта експедиција, но секако и осмиот играч публиката која во моментите кога се одлучуваше победникот ги понесе ракометарите на посакуваниот победнички колосек.

Минималниот но голем триумф над Словенија од 25-24 нашиот легендарен капитен Кире Лазаров им  го посвети токму на македонската фаланга.
- Уште на загревање ја почувствувавме поддршката од нашите верни навивачи кои поминаа голем пат да дојдат да не бодрат. Тие се клучниот фактор за нашата победа. секако и ние на теренот имаме заслуга. одигравме паметно кога се одлучуваше победникот. изјави Лазаров.

Денешниот ден одмор  нашите ракометари и стручниот штаб го искористија за посета на црквата „Света Злата Мегленска" во Загреб, која е дел од Македонска православна црква – Охридска архиепископија европска епархија.

По исцрпувачките дуели на теренот во загрепската арена против силните и високи словенечки ракометари  денешниот ден одмор е добредојден за нашите најдобри ракометари, кои веќе започнаа да размислуваат на утрешниот дуел од 20 и 30 часот  против тимот на Црна Гора.

Со победата над Словенија, македонските ракометари направија и голем исчекор кон посакуваниот пласман во втората фаза на првенството во  Хрватска со евентуален триумф пак на утрешниот  натпревар против  Црна Гора  вчера во премиерата на шампионатот доживеа убедлив пораз од бранителот на титулата Германија, нашата селекција  ќе го потврдиме пласманот меѓу 12 најдобри селекции на првенството во Хрватска. 



Датум на објава: недела, 14 јануари 2018 во 15:05
Крсте Галевски
Обновено во: 15:10

коментари

остави коментар