Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот се случил во  10:18 часот по средноевропско време на длабочина од 12,5 километри, со епицентарот на 42 километри јужно од градот Акари и 124 километри југозападно од градот Пукујо.

Локалните власти информираа дека при потресот нема жртви, туку само се предизвикани помали оштетувања на објекти и патишта во реонот на местото Ломас, кое се наоѓа најблизу до епицентарот.

Пацифичкиот центар за цунами предупреди дека е можна појава на големи бранови на растојание до 300 километри од местото на епицентарот на потресот.

Датум на објава: недела, 14 јануари 2018 во 14:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар