Ова го најави Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов кој информира дека во завршна фаза е  реконструкцијата на патниот правец Неготино - Демир Капија.

Работните активности треба да завршат за два месеци кога е предвидено да биде пуштен во употреба и автопатот Демир Капија - Смоквица.
„Во меѓувреме механизацијата на Гранит ќе се префрли на левата страна од Демир Капија до Неготино да се рехабилитира тотално , значи не само да се иструга туку да се рехабилитира со подлога. До почетокот на летната сезона целиот Коридор 10 да биде современ со соверемени наплатни рампи , со современи автопатишта и регулирани протоци на движењето„ – изјави Зоран Китанов – Директор на ЈПДП

Во меѓувреме целосно е завршена  реконструкцијата на автопатите  Велес Градско и Миладиновци -Куманово и обратно.
Надлежните покрај на изградбата на нови уверуваат дека ќе се работи на тековно одржување не само на автопатите туки и на регионалните патни правци.

„Следните 4 години ќе реконструираме 750 километри регионални патишта. Согласно на тоа колку е оштетен така даваме приоритет кој пат која година ќе биде реконструиран, бидејќи ако пуштиме тендери за сите 750 километри сега верувајте не постои таква механизација што може да изгради ниту тоа е возможно бидејќи физички треба да се блокираат сите патишта„ – изјави Китанов

Според Китанов во рамки на РАМС проектот постојано се врши читање на подлогата на сите патишта во земјава заради навремена санација на секое оштетување.



Датум на објава: недела, 14 јануари 2018 во 14:52
Ана Милевска Ѓеоргиева
Обновено во: 15:22

коментари

остави коментар