Велат, праксата покажува дека парите не се користат за поддршка на економијата туку само за тековно работење што само по себе е лош сигнал. Потребна е јасна стратегија за економски развој и надлежните да се обидат средствата да ги насочат во инвестиции кои ќе донесат развој.


Македонија ја издаде шестата еврообврзница. Светла точка  во ова задолжување, е каматната стапка, велат познавачите на проблематиката. Имено 2,75 проценти изнесува каматната стапка на шесттата еврообврзница. Најниска е до сега. Но најважен е ефектот од тоа како се трошат овие средства.
Телоп: (телефонски) Фатмир Бетиќ, економски аналитичар 00:49 2:10негде 3:42.

За покривање на буџетскиот дефицит и враќање стари долгови, ќе се трошат парите од еврообврзницата- кажа вчера ресорниот министер. За повисоки плати во образование и здравство како и повисоки капитални инвестиции. Според министерот државата ќе заштеди 90 милиони евра, ако се земат предвид каматите од другите еврообврзници.

Јавниот долг заклучно со септември 2017та изнесува 4,6 милијарди евра или 45,8 проценти од БДП. 3,1 милијарда е долг кон надвор, а 1,5 милијарди кон домашните кредитори. Најмногу должи централната Влада односно 2,3 милијарди евра.


            Вредност:            Камата:
2005    170 милиони        4,62
2009    175 милиони        9,87
2014    500 милиони        3,97
2015    270 милиони        4,87
2016    450 милиони        5,62
2018    500милиони        2,75

Датум на објава: сабота, 13 јануари 2018 во 18:23
Катерина Капкоска

коментари

остави коментар