Во моментов надвор од употреба се Компјутерскиот томограф и апаратот за факометода наменет за лекување на очни болести.

Бидејќи не биле навремено сервисирани, апаратот за Магнетна резонанса, кој го сервисиравме, дензитометарот, апаратот за анестезија како и УБС батеријата, сето тоа не чинеше повеќе од 80 илјади евра објасни д-р Ален Георгиев – директор на Клиничка болница –Штип.

Втор горлив проблем со кој се соочил актуелниот менаџерски тим бил погрешно поставената процедура за поправка на апаратите. Откако апаратот ќе се расипел, потем се распишувал тендер за негова поправка.

- Сега се ќе биде обратно. Секој апарат што ќе биде расипан сервисерот ќе дојде и веднаш ќе започне со вградување на делот и сметам дека времето ќе биде многу пократко за апаратите кои ќе се расипат да бидат вон функција, изјави д-р Георгиев.

Сепак, акцентира д-р Георгиев, итните случаи не ги оставаат проблемот да го решаваат сами.
-  Оние итни пациенти кои што ќе дојдат, секако доколку има потреба ние ќе ги транспортираме до оние здравствени институции каде ќе им биде дадена соодветна медицинска нега, дополни д-р Георгиев.
Инаку, штипската Клиничка болница опслужува над 200.000 граѓани од 11 0општини од овој дел на македонскиот Исток


Датум на објава: сабота, 13 јануари 2018 во 14:59
Дејан Ефремов
Обновено во: 15:06

коментари

остави коментар