За македонскиот национален тим ова е петто учество на континенталните собири, а дуелот против  фаворизираната Словенија  кој стартува во 19 часот и 30 минути ќе биде 60 – натпревар на едно големо натпреварување.

Црвено жолтите по одлично одработени подготовки и две победи во контролните средби максимално подготвени го очекуваат премиерниот натпревар против тимот на Словенија кој и покрај тоа што има проблем со неколку повредени ракометари ќе ја има улогата на фаворит.

Нашите ракометари  попладнево во Загреб го одржаа и последниот состанок пред  дуелот со силната Словенија на кој уште една се анализираа слабите страни на словенечката одбрана. За предводникот на црвено жолтите Гозалес добрата игра во одбрана  против брзите словенечки ракометари е клучот за успех во вечерашниот меч со фаворитот .

Од искусните Лазаров, Миркуловски, Стоилов, Ристовски,  па се до младите Талевски Кузмановски, Велковски и останатите сите наши ракометари се единствени во ставот дека оваа наша селекција предводена од стратегот Раул Гонзалес ,  која преставува спој на искусни и млади ракометари е  жедна за успех и подготвена да биде рамноправен противник на сите 16 селекции учесници на првенството во Хрватска.

Избраниците на Гонзалес во арената во загреб како и на сите претходни големи натпреварување ќе ја имаат поддршката од македонската фаланга, на трибините во најголемата сала во хрватска се очекуваат околу 2000  македонски навивачи кои сигурно ќе бидат погласни и пожестоки од очекуваните околу 5000 навивачи на селекцијата на Словенија.

Првото коло  во нашата Ц група  го отвора дуелот меѓу бранителот на европскиот трон Германија и селекцијата на Црна Гора. 

Датум на објава: сабота, 13 јануари 2018 во 14:38
Крсте Галевски
Обновено во: 15:00

коментари

остави коментар