Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа за нов генерален секретар на партијата го избра поранешниот директор на ЈСП Скопје Игор Јанушев, а за потпретседатели Александар Николовски, Митко Јанчев и Владо Мисајловски.

За членови на ИК се избрани Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски, Трајко Славевски, Ане Лашкоска, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, Игор Николов, Драги Димитриевски, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Бајрам Требишки, Иван Јорданов, Кирил Пецаков, Орце Ѓорѓиевски. Нов претседател на скопската градска организација на ВМРО-ДПМНЕ е избран Маријанчо Тодоровски.

Новиот ИК, според Мицкоски, го сочинуваат силно мотивирани лица кои ќе имаат позитивен придонес во делувањето на партијата.

- Станува збор за силно мотивирани индивидуи, луѓе кои поголем дел од својот живот поминале во партиските структури и искусни политичари, така што во периодот што следи, убеден сум, да не бидам претенциозен, дека ВМРО-ДПМНЕ набрзо ќе застане на здрави нозе и ќе може што поскоро да издејствува предвремени парламентарни избори и да ја формира следната влада на РМ, изјави синоќа Мицкоски по седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
ИК првично брои 26 члена, но таа бројка, како што најави Мицкоски, ќе се проширува. До крајот на месецов ќе биде подобрен партискиот статут, а на првата седница на ИК тој ќе го предложи составот на советот на ИК, а во иднина и на советот на претседателот на партијата, односно новите партиски тела.

Одговарајќи на новинарски прашања лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека немал средба, ниту бил контактиран од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи за преговорите за прашањето за името. 

Датум на објава: сабота, 13 јануари 2018 во 14:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар