Хирургот Сајмон Брамхол признал дека тоа го направил во два случаи, кога на пациентите им трансплантирале црн дроб во текот на 2013 година.

„Тоа што го направи е злоупотреба на позицијата и предавство на довербата која пациентите ја имаа во нас“ – изјавил судијата Пол Ферер на судот во Бирминген. Казнет е со 11.250 евра и едногодишно волонтирање. Судијата појаснил дека операциите траеле неколку часа и дека лекарот бил под стрес поради кој направил “погрешна проценка“.

„Ова е таква професионална ароганција што се граничи со криминал. Знам дека немал намера да им наштети на пациентите, но можело се да се случи“ – изјавил судијата.

Друг хирург ги забележал иницијалите со големина од неколку сантиметри на црните дробови. Брамхол изјавил дека тоа го направил за да ја спушти тензијата во операционата сала. После инцидентите ја напуштил болницата и се вработил на друга локација. Заклучено е дека неговиот потег не влијаел на исходот на медицинскиот третман.

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 21:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар