Во сообраќајната несреќа, што се случи денеска околу 16.30 часот на мост во селото, учествувале два автомобила „фолксваген венто“ управуван од 46-годишниот А.М., кој се движел кон Куманово и „форд фиеста“ управуван од 22-годишниот С.Н., кои директно се судриле. Возачот и совозачот во „форд фиестата“ се пренесени во кумановската болница каде им се констатирани телесни повреди.

СВР Куманово изврши увид во сообраќајната несреќа. Сообраќајот на овој регионален пат беше во прекин речиси два часа, по што е нормалнизиран. /МИА

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 20:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар