Скопјани ќе плаќаат дополнителна тарифа од 2 денари за пречистителните станици во Сарај и Волково.

Но, тоа нема да влијае на зголемувањето на сметката за вода.

Цената на водата ќе падне, па така новата давачка нема да ја поскапи сметката, велат од Водовод.

Граѓаните не знаат за новата давачка.
Водовод ги послуша регулаторите кои сега ја креираат цената на водата и го прифати минималниот опсег  кој го одредија.

На потег е Град Скопје. Дали ќе ја прифати ќе одлучува на седница на 23ти јануари.

Доколку Советот не го прифати минималниот опсег, во игра е друга опција за максимален, со кој сметката за вода би се зголемила за околу 5 денари.


Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 18:04
Катерина Капкоска
Обновено во: 18:44

коментари

остави коментар