Повторувајќи дека Бугарија најдобро ја чува европската граница, Борисов рече дека во тоа ќе го увери и холандскиот премиер Марк Руте, кој на 6 и 7 февруари ќе биде во посета на Бугарија.

Борисов ќе го носи Руте за самиот да се увери како Бугарија ги чува надворешните граници.

На церемонијата за почетокот на бугарското претседателствување со Советот на ЕУ, претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер вчера рече дека Бугарија ги исполнува сите услови да се приклучи во Шенгенскиот договор за заедничките граници и покрај тоа што некои членки на ЕУ го блокираат тоа.

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 16:50
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:05

коментари

остави коментар