Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни и нејавни седници на ден 10.01.2018 година и 11.01.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година и тоа за обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Раудлов, Богдан Илиевски и Илија Славевски.

Во мегувреме уште едно лице од групата петмина осомничени за кои за настаните на 27 април беше распишана меѓународна потерница е приведено, потврија од Јавното обвинителство.
Станува збор за Младен Додевски , кој бил уапсен пред ресотран , каде синоќа требало да дојде на семејна веселба.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со став неправедно приведените да бидат ослободени.

Пратеникот Сашо Василевски не сакал да присуствува на јавната седница во Апелација, ова го рече претседателот на Кривичниот совет, судијата Јане Нича. Неговиот адвокат Александар Новаковски побара да се укине притворот на пратеникот Василевски. 

За одлуките на Апелацискиот суд , Игор Стефановски . 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 15:00
Игор Стефановски
Обновено во: 16:19

коментари

остави коментар