Од кабинетот на Иванов за Kанал 5 потврдија дека вчера законот бил доставен кај нив и дека претседателот ќе донесе одлука во законски утврдениот рок. Во меѓувреме  во јавноста се оперира со повеќе клучни дилеми тргнувајќи од тоа дали претседателот ќе го потпише указот и дали законот е уставен или не. Што се однесува на првото а ако се водиме од новогодишното обраќање на Иванов во кое тој кажа дека законот не атакува на употребата на македонскиот јазик туку на унитарниот карактер на државата и дека го крши уставот, тогаш за очекување е дека претседателот Иванов нема да го потпише указот за овој закон и повторно ќе го врати во собранието со одредени забелешки за што има право според уставот и деловникот. Од ДУИ вчера го повикаа Иванов да го потпише указот и да стане дел од заокружувањето на успешната финализација на охридскиот договор во неговиот нормативен дел, во спротивно пратениците повторно би го разгледале законот и доколку го усвојат со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, потоа претседателот е должен да го потпише указот. 

Овој законски акт предизвика двојство покрај во политичката  и во експертската средина за тоа дали е уставен или не . Дел од уставните експерти што ги консултираше канал пет  велат најголемата забуна овозможува делот околу тоа за службен јазик во Rепублика Македонија и за службената употреба на јазикот кој го говорат најмалку дваесет проценти од граѓаните во случајот Aлбанците. Законот пропишува дека на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Исто така, друг јазик што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните е службен јазик и неговото писмо (албански), согласно овој закон.

Дел од уставните експерти сметаат дека вака срочениот закон е уште еден елемент кој покрај територијалната организација, им оди во прилог на Албанците да го исполнат планот за посложена организација на државата.


Од друга страна што туку избраниот судија Осман Кадриу , кој сепак вчера настапи како правник вели дека законот за употреба на јазиците е уставен не е изедначен со македонскиот јазик зашто кога би имало такво нешто би требало да биде сменет и Уставот. 


Од СДСМ, денеска брифираат дека делови од законот  се испратени на мислење до Венецијанската комисија .
Тоа се деловите за прашањата на банкнотите и за униформите во армијата. Инаку законот предвидува двојазичност на униформите на државните службеници во Скопје и во другите градови каде Албанците се присутни со над 20 проценти од населението, книжните и кованите пари како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо во случајот Албанците.
Од денешните реакции ја бележиме и онаа од македонската дијаспора која ги осудува пратениците за усвојување на законот  со кој според нив ќе го кодифицирал албанскиот како официјален јазик на целата територија на Македонија и бараат од САД и ЕУ веднаш да го осудат овој акт. 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 14:30
Мирјана Трпческа
Обновено во: 15:39

коментари

остави коментар