По 24 часовни преговори , цела ноќ политичарите го усвојувале текстот на документот на 28 страници .
Најтешко било усогласувањето на ставовите поврзани со мигрантите. Тие планираат да го ограничат бројот на баратели на азил на 200 000 годишно .
Исто така на 1 000 е ограничен бројот на лица на кои ќе им биде дозволено да се населат за да се приклучат на членовите на своето семејство , кое легално живее во Германија .
Најголемиот противник на Меркел на изборите , лидерот на Социјалдемократите , Мартин Шулц изјави дека се поставени темелите на новата коалиција .

По изборите во септември партијата на Меркел ЦДУ , заедно со партнерите од ЦСУ не успеаја да формираат влада , откако канцеларката одби нејзината десничарска партија да коалицира со ултрадесничарите од партијата АФД.

И ЦДУ на Меркел и СПД на Шулц на изборите освоија најмалку гласови во последните 50 години .

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 13:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар