Партиски извори за Канал 5 брифираат  дека партијата во најголем дел ќе даде простор на нови имиња луѓе од внатрешноста но и членови кои се дел од базата во Скопје.

Место во Извршниот комитет ќе има и за некои актуелни сопартијци, како Влатко Ѓорчев и Александар Николовски.
Извори за Канал 5  велат дека  во најголем дел членовите  на претходниот извршен комитет нема да добијат место во новото раководство.  Незадолство веќе изразија.

Илија Димовски за Канал 5 вели дека вечерва тој и останатите потписници на иницијативата за одложување на вонредниот конгрес не добиле покана да одлучуваат на Централниот комитет.

  Димовски вели дека немал ниту една средба со новиот претседател Христијан Мицковски.

Забележува дека тој и останатите сопартијци кои беа дел од иницијативата да се одложи конгресот  не добиле подадена рака. 

На овие обвинувања од партијата не сакат да коментираат, велат дека вечерва ќе се знаат сите имиња на Извршниот комитет. 

Нови членови на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да бидат избрани вечерва на седница на Централниот комитет на партијата. Членовите ги номинира претседателот на партијата, а ги избира централниот комитет.


Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 13:22
Ѓорѓи Томиќ
Обновено во: 15:02

коментари

остави коментар