Воз до над 430 патници останал 15 часа блокиран поради силните снежни врнежи што ја зафатија Јапонија. Пругата била оспособена дури утрово во 10.30 часот , соопштуваат од компанијата ,,JR Ist”.

Возот , со задоцнување од еден час тргнал од местото Нигате , кога почнал да паѓа снег , но само по два и пол часа било невозможно да продолжи поради високите наноси.

Поради опасноста од снежните наноси , евакуацијата била невозможно да почне во текот на ноќта .

Според Јапонските метеоролози , во северните и западните делови на земјата деновиве наврна и над 10 пати повеќе снег од просекот за јануари . 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 13:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар