За само еден час момчето починало , откако змијата го каснала за прстот , додека се обидувал да го спаси кучето, кое ја држело отровната змија во устата .Несреќата се случила во местото Тамворт , северозападно од Сиднеј , во Австралија .
Момчето ја повикало мајка си , која ја грабнала змијата , ја ставила во тегла и го одвезла синот во најблиската болница.

Сепак , по само еден час од каснувањето , момчето веќе било мртво . Не помогнал ниту противотровот .

Момчето било каснато од кафеава змија , најсмртоносна во Австралија, додека се обидувало да го спаси своето куче.

Експертите велат дека кафеавата змија не е опасна , освен ако некој се обиде да ја подигне од земја . Во тој случај му нема спас.

Од 2000 година во Австралија се регистрирани 35 смртни случаи предизвикани од каснување од змија .

Над 60 проценти од нив се токму од кафеавата змија .

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 13:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар