За време на посетата, тој требаше да ја отвори новата амбасада на САД во Лондон.

„Причината поради која ја откажав посетата во Лондон е дека јас не го поддржувам решението на Обама да ја продаде за „ситни пари“ една од најдобрите амбасади, која веројатно е на најдобра локација, само за да се изгради нова во Лондон, во оддалечен реон за 1,2 милијарди долари. Лоша зделка. Нема да ја пресечам лентата“, коментираше Трамп на Твитер.

Според „Гардијан“, Трамп ја откажал посетата поради стравување од масовни протести.

Британскиот премиер Тереза Меј го покани Трамп во државна посета при средбата во Белата куќа минатата година.

 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 09:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар