Ова е разврската на судскиот спор што се водеше во Врховниот суд во Белфаст. Девојчето , чија гола фотографија била објавена на оваа социјална мрежа ја тужеше компанијата за психички трауми , кои можеле да бидат спречени . Така , нејзината фотографија била објавена поради уцена од неидентификувано  лице , но потоа била споделувана и покрај предупредувањата од родителите на девојчето .  ,,Facebook “ требало да го спречи ширењето на фотографијата , смета судот.

Фотографиите биле објавувани од ноември 2014 до јануари 2016 година.

Нејзините адвокати  бараа отштета за злоупотреба на приватни информации, небрежност и прекршување на Законот за заштита на податоците.
"Ако овие фотографии биле објавени  во весник или на ТВ, ќе имало сериозни реперкусии и тие истите треба да се применуваат и за  платформите што  се користат во светот на социјалните медиуми" , сметаат адвокатите на девојчето .

Тие го споредија објавувањето на фотографиите со злоупотреба на деца и  тврдеа дека Фејсбук имал моќ да блокира било кое споделување , што требало да биде "црвена линија" за компанијата.

Фејсбук има обврска да  ги плати и  судските трошоци на девојчето . Ова е прв случај во светот социјалните мрежи да бидат осудени поради ширење несоодветна содржина.

Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 22:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар