Понта , кој е актуелен претседател на Одборот на Романскиот парламент за европаски работи , наскоро ќе добие и српски пасош ,
Тој при минатогодишната посета на Србија најави дека земјата ќе ја има поддршката на Романија во Европските интеграции .
Понта беше присутен и на експозето на претседателот Александар Вучиќ во Белград во 2016 кога тој по втор пат беше избран за премиер. .

Јавноста го памети по оставцката што ја поднесе во ноември 2015 кога 13 000 луѓе побараа негова оставка поради пожарот во ноќен клуб во Букурешт во кој загинаа 32 лица.
Истата година Виктор Понта поднесе оставка и од претседателската функција на владејачката Социјалдемократска партија, откако беше обвинет за перење пари, фалсификување на документи и даночно затајување. Тој беше единствен премиер , за кого обвинителството покрена постапка додека беше на функција. Понта ги отфрлаше обвиненијата со образложение дека обвинителството не знае што прави . 

Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 22:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар