Вечерва во Софија се одржа свеченоста по повод преземањето на претседателотсвото на Бугарија со Европската Унија. Бугарски и Европски политичари изнесоа емотивни говори за иднината на Унијата . 

Посебно се истакна обраќањето на претседателот на Европскиот Совет , Доналд Туск , кој меѓу другото рече:  "Кој друг, ако не вие, потомците  на Спартак, на најстарата држава во светот, кои никогаш не сте изгубиле воено знаме во битка, вие сте на позиција  да ги заштитите Европските  перспективи за регионот на Балканот. Добро е што еден од приоритетите на бугарското претседателство е Западен Балкан", рече Туск на свеченоста во Народниот театар во Софија.
"Единството ја прави моќта", рече претседателот Румен Радев, кој исто така повика на единство во Европа. "11 години сме членка на ЕУ, но  13 века наназад Бугарија е источната порта на континентот. Ние на Балканот добро знаеме дека трагедиите се раѓаат  од поделбите . Европа е премногу голема за да биде монолитна, но премногу е мала за да биде поделена. Ја преземаме ЕУ во тежок период. Со цел Европа да преживее, ни треба нова самодоверба и надминување на себичноста. Верувам дека во следните 6 месеци вие, нашите гости, ќе се чувствувате како дома. Европа не е само економски простор, туку територија на слобода која е вкоренета во историјата, културата и хуманизмот. Добредојдовте! "

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, изрази благодарност за добрата работа на бугарските институции. ,,Заедно треба да ја направиме ЕУ поефикасна, подемократска, пофлексибилна за нашите граѓани. Минатиот ноември бев импресиониран од бугарските студенти. Тие сакаат повеќе вработувања, работни места и да го создадат ова, треба да привлечеме повеќе инвестиции, технологија и туризам” .

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер рече дека е клише она што се пишува за Бугарија дека е најсиромашна држава во Унијата .

,, За прв пат во Луксембург слушнав бугарска песна , која сега се слуша од вселената . Бугарија е држава кон која имам особена слабост , многу сакам шопска салата и колбас. Вашето претседателство доаѓа во клучен момент . Не би можел да одберам подобар човек од мојот пријател Бојко да претседава со унијата во наредните 6 месеци. Вашето место е во Европа, местото ви е во еврозоната , Комисијата е на страната на Бугарија “ , рече претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Премиерот Бојко Борисов се осврна на предизвиците.  .
,, Имаме шест месеци да вложиме напор не само за Бугарија . Треба да постапуваме така што секој Бугарин да почуствува дека Европската Унија прави нешто за него. Во овие шест месецви се очекуваат многу настани . Политиката на поврзување , проблемите во регионот , кризата на Крим , конфликтот меѓу Словенија и Хрватска, спорот меѓу ЕУ и Полска , Западниот Балкан , аграрната политика , ИТ безбедноста , одбраната , миграциската политика... Сето тоа ќе се случува во наредните 6 месеци . Таков говор како на Доналд Туск не сум слушнал до сега и затоа посакувам да ни е успешно претседателството.” , рече Бугарскиот премиер Бојко Борисов во своето обраќање , во кое посебно му се заблагодари на Туск на напорите што ги вложол целиот говор да го научи на бугарски јазик.

Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 20:56
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 08:54

коментари

остави коментар