Тој се појави на улиците на Малибу во друштво на својата 27-годишна девојка Розалинд Рос, а многу минувачи не можеа да го препознаат некогашниот холивудски заводник.

Со долга бела брада и кожата потемнета на сонце, таткото на девет деца изгледа многу постаро, а по мислењето на многу дами и неуредно.

На тоа секако влијаат и дополнителните килограми, и неуредната облека која ја носи.

Мел и Розалинд се во емотивна врска веќе три години и имаат син, Ларс кој се роди лани во јануари.

Мел има седум деца со првата сопруга Робин Мур, черката Хана и шест синови, Едвард, Кристијан, Вилијам, Луис, Мил и Томас.

Исто така е татко на осумгодишна ќерка Луси, која ја доби со руската пијанистка Оксана Григорова.


Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 15:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар