Додека другите животни, вклучувајќи ги и ајкулите, живи смрзнуваа, американските алигатори најдоа многу необичен начин да го преживеат студениот бран.

Мочуришниот парк „Шарлот ривер“ во Северна Каролина на својата Фејсбук страница објави видео на кое се гледа акко алигаторите во смрзнатото езеро успеваат да дишат благодарејќи на тоа што носот го протнуваат низ ледената површина.

И покрај тоа што делува како да не се живи, животните мируваат за да сочуваат што повеќе сила.

Управникот на паркот Џорџ Хауард овие животни ги нарече “машини за преживување“.


Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 12:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар