Тоа се првите работи на кои многумина се сеќаваат кога ќе се спомне 11 септември 2001 година.

Меѓутоа едно исчезнување крие многу тајни.

Докторката Снеха Ен Филип за последен пат е видена ден пред терористичките напади на Светскиот трговски центар во Њујорк.

Со оглед на тоа дека живеела во непосредна близина на кулите близначки, и дека била докторка во блиската болница, и секогаш сакала да им помага на другите, нејзиното семејство било уверено дека таа умрела во нападите и дека поради тоа нејзиното тело никогаш не е пронајдено.

Родена е во Индија, израснала во Њујорк, студирала во Чикаго каде го запознала својот иден сопруг Рон Либерман. Откако ги завршила студиите, двајцата почнале да работат во њујоршките болници и живееле заедно во луксузен стан.

Либерман подоцна раскажал дека ден по исчезнувањето била слободна, а безбедносните камери од блиските продавници за последен пат ја снимиле ноќта на 10 септември. Рон се вратил од болница после полноќ, но сопругата не го чекала.

Тој бил уверен дека е излезена, што обично се случувало. Следниот ден, на денот на терористичките напади, Либерман во станот се вратил доцна, но сопругата и понатаму не била дома.

Исчезнувањето го пријавил во полиција, но Снеха Ен била само една од илјадниците исчезнати Американци кои веројатно загинале во терористичкиот напад. Во неделите после нападот со плакати ја облепил населбата, а семејството молело за било какви информации.

Во поплавата на исчезнати, недостатокот на една лице се влеало во масата. Нејзиното исчезнување било единствено кое не било директно поврзано со терористичките напади.

Либерман сфатил дека полицијата не му помага доволно и побарал услуга од приватен детектив. Го ангажирал поранешниот агент на ФБИ, Кен Галант, за потоа тие двајвата да се впуштат во приватна истрага за да ја откријат вистината  за судбината на младата докторка.

Безбедносните камери од зградата во која живеела на денот на терористичките напади снимиле жена како влегува во зградата и неколку минути подоцна излегува. Семејството тврдело дека многу личи на нивната исчезната ќерка, но Либерман не можел со сигурност да потврди дека станува збор за неговата сопруга.

Галант некое време мислел дека Снеха Ен го искористила хаосот во Њујорк после нападите за да побегне и засекогаш да го остави својот стар живот, но полицијата не успеала да открие никакви трагови кои упатувале на таа можност.

Либерман и Галант подоцна заклучиле дека Снеха притрчала во помош на настраданите во нападот и дека умрела во текот на рушењето на кулите.

Полицијата долго време не стигнала да го истражи нејзиното исчезнување, но подоцна со истрага утврдиле некои необични факти кои фрлиле ново светло на животот на навидум угледната и успешна докторка.

Претходно, во текот на годината, во болницата во која работела и рекле дека нема да добие продолжување на договорот поради проблеми со алкохолот. Откако тоа и го соопштиле од болницата, Снеха отишла на забава и завршила во затвор.

На полицијата и изјавила дека колегата од работа непримерно ја допирал во текот на забавата, но обвинителството ги одбило овие тврдења обвинувајќи ја и за лажна пријава против колегата.

И понудиле отфрлање на сите обвиненија доколку ја повлече својата пријава, но таа тоа не го прифатила. Кратко време после тоа престанала со работа во болницата, но за среќа добила работа во друга болница каде продолжила по старо.

Повторно имала проблеми со алкохолот, а потоа била суспендирана бидејќи не дошла на договорениот состанок со советникот за зависност. Во тоа време почнала да излегува по геј барови и често ги напуштала во друштво на жена која таму ја среќавала, според зборовите на полицијата.

Семејството ја обвинило полицијата дека шпекулираат со минимални информации и дека таа никогаш немала проблеми со алкохолот, барем не во болниците. Отказот, според семејството, го добила затоа што предупредувала на расистичката политика на болницата.

Следувале години судења и се се завршило кога жалбениот суд донел одлука дека Снеха загинала додека им помагала на повредените од нападите. Кон крајот на 2008 година, службено е одлучено дека таа е 2,751 жртва на терористичките напади на Светскиот трговски центар во Њујорк.

Посмртните останки никогаш не се пронајдени.

Датум на објава: недела, 07 јануари 2018 во 17:14
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар