Добитната комбинација извлечена во саботата навечер за седмиот најголем џекпот во историјата на лотаријата, биле броевите 12, 29, 30, 33, 61 и 26, пренесува „АП“.

Добитникот на наградата има право да избере дали ќе ги добие парите на годишно ниво во следните 30 години или ќе ја подигне сумата одеднаш.

Наградата е освоена ден откако во Флорида е извлечен 10-иот најголем џекпот од 450 милиони долари на “Мега милион“ лотаријата.

Шансите за добивка на американската „Пауербол“ лотарија се еден спрема 292.2 милиони, а на „Мега милион“ еден спрема 302.5 милиони.

Датум на објава: недела, 07 јануари 2018 во 16:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар