Борјан Јовановски успешно пристигна до целта го преплива Охридскиот маратон.

Борјан има аутизам тој и неговиот другар во 2017 година беа запишани во историјата на маратонот деца со посебни потреби кои испливаа 2, 5 километри. 

Борјан и неговиот другар Далибор успешни на маратонот. За прв пат на маратонот настапија членови на здружението „Дајте ни` крилја“, кои се подготвувале повеќе од една година. Медалите и пехарот зрак за нови успеси за Борјан и Далибор.

За добар успех потребна е желба, но и тим кој ќе верува во Борјан и Далибор дека хендикепот не е пречка за успех. Нивната „икона“ за успех е тренерот Панче Игнов. Иако никој не веруваше дека од тренинзи за терапевско пливање ќе стигнеме до напорни тренинзи, раскажува Панче.

Успесите на момчињата ја завршија 2017 година. Тие на специјалната олимпијада освоија злато и сребро. За здружението  секој успех е голем, и мотив за сите останати да направат големи промени.

Борјан и Далибор не се откажуваат од пливањето. Тоа им е единствената убавина во животот. Родителите со надеж дека и нивните деца ќе имаат стипендии и секако институциите да не ги заборават волонтерите како нивниот лидер Панче. 

Датум на објава: недела, 07 јануари 2018 во 14:41
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 15:06

коментари

остави коментар