Во манифестацијата Бадникови поворки дечињата поминувајќи  низ улиците на сите градови во државата пристигнаа пред Соборниот храм. Иницијативата за возобновување на старата православна традиција да се слави Бадник со пеење на Вечниот Бог  потекна од свештенството на МПЦ-ОА.

Бадникарчиња од повеќе скопски општини Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода и Гази Баба, соединувајќи се во поворката дојдоа пред соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.

Годинава и македонската естрада учествува во реализацијата на Бадниковите  поворки, за како што велат - промовирање на вистинските вредности пред своите фанови.

Во пресрет на големиот христијански празник, дечиња го посетија и домот на претседателот  Ѓорге Иванов и преку  Божикна литија со песната Вечниот Бог го најавија Христовото раѓање.

  Низ улиците на сите градови во Македонија по вторпат се одржува  манифестацијата Бадникови поворки како дел од прославата на Бадник и Божик.

Датум на објава: сабота, 06 јануари 2018 во 15:05
Ана Торевска
Обновено во: 17:04

коментари

остави коментар