Според АП, смрзнати и вкочанети  игуани паѓаат од дрвјата како последица од ниските температури во предградијата на Мајами.  

Националниот метеоролошки институт во Мајами соопшти дека утрово во делови од Јужна Флорида температурата била само 5 степени Целзиусови, што е доволно студено за да се парализираат зелените игуани.

Овие суштества кои вообичаено живеат во тропската областа, на Карибите, Централна и Јужна Америка започнуваат да се смрзнуваат кога температурата ќе падне по 10 степени , истакна Кристен Сомерс од Комисијата за зачувување на рибите и другите диви животни на Флорида.

-Сега е престудено за тие да се движат, вели Сомерс.

Од ниските температури не се погодени само  игуаните, морските желки исто така се кочат од за нив ниската температура. 

Датум на објава: петок, 05 јануари 2018 во 13:20
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:22

коментари

остави коментар